ВИДЕО: Репортажа на ХРТ за Мaкедонија по Слупчане, Бесими не се извинил и не жали

Од:

Хрватската национална телевизија во емисијата „Хоризонти“ емитуваше репортажа за најновите случувања во Македонија од авторот Драган Николиќ. Мотивот е положувањето цвеќе во Слупчане од министерот за одбрана, Фатмир Бесими кој за ХРТ вели дека ниту жали ниту пак дека се извинил за тоа. Лидерот Али Ахмети пак кризата ја објаснува со намерата на ДУИ да поднесе 1000. или 2000. амандмани за што ќе треба 5 години да се расправа. Еве што забележа авторот на репортажата Драган Николиќ:

„Веројатно најубавата земја на Балканот никогаш нема да дише со полн здив. Не поради суровите соседи кои и го негираат името, јазикот или верата, туку поради поделеноста на самата земја, паралелните светови на и сеуште мнозинството Македонци и малцинството Албанци. Тоа го заклучувам уште еднаш пред споменикот на албанската Национална ослободителна војска (ОНА) на ридот над селото Слупчане, десетина километри оддалечено од Куманово. Министерот за одбрана првиот Албанец задолжен на таа позиција во независна Македонија, им оддаде почест на загинатите албански герилци. Прв пат со салутирање на македонските војници. Премиерот Грувески, мајстор на евтиниот популизам, го нарече чинот „газење на достоинството на македонскиот народ“. Затоа, владеачката ВМРО-ДПМНЕ во парламентот го пушто нацрт законот за бранителите. Во него нема место за ОНА која во таа несреќна 2001. не се бореше за права туку за територија. Земјата повторно ја тресе политичка криза.

Здружението на ветерени на ОНА објаснува дека и покрај двете брани во близина 30.000 луѓе на подрачјето на Липково и во 21. век нема ни водовод ни канализација, се прашувам како навистина овдешните Албанци можат да бидат искрено лојални на својата држава. Тоа чувство е појако, што по еден час возење со автомобил до Скопје, со сомнителни тендерески работи, се градат осветлени фонтани од кои се слуша музика. А во Слупчане луѓето посакуваат вода за пиење. Исто како семејствата на двајцата загинати Македонци, работници во минираниот мотел во околината на Тетово, посакуваат правда. Ниту 11 години по терористичкиот чин во Челопек, никој не одговараше. Македонските воени ветрани се бесни, освен за овој и за многу нерасветлени случаи, затворени со прогласената амнестија од власта.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори