ВИДЕО: Регионалната конференција „Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“

Од:

„Едно општество, односно еден систем не се вреднува по квантумот на институции, на закони, или по бројноста на население, на ресурсите, на разноразните статистики кои што се толку менливи и променливи. Вистинските вредности доаѓаат од дејствителната способност на општеството да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции“.

Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно поздравно обраќање на Регионалната конференција посветена на темата „Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“, што во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и мисијата ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија се одржа денес во Скопје.

Потенцирајќи дека омразата, односно ксенофобичноста отсекогаш била туѓа на македонскиот граѓанин и општество министерот Спасовски нагласи дека- „Еврејската заедница овде во Македонија е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на Македонецот и нашето општество, таа е суштински дел од нас, од овдешната култура, традиција и воспитание.

Нејзиниот печат е длабок и драгоцен и ние тоа знаеме и сакаме да го чуваме. И заради себе самите и заради нив, како наши сограѓани и пријатели. И токму заради таквото наследство, заради тој дар оставен од нашите претци, ние сме должни да бидеме и натаму будни, подготвени за брз, ефикасен, одговор на институциите кон сите обиди или трендови за појава на каква и да е омраза“.

Министерот Спасовски посочи дека од страна на Министерството за внатрешни работи таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен, истовремено порачувајќи дека не само МВР туку и сите останати институции во Република Македонија се широко отворени за сите иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он