ВИДЕО: Реформаторите поднесоа декларација до ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Членовите на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ до Централниот комитет на партијата доставија декларација за демократизација и модернизација на партијата.

Декларацијата се води под мотото „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“ и содржи осум принципи кои, како што велат од иницијативата, треба да бидат вметнати во измените на Статутот на ДПМНЕ.

– Декларацијата е патоказ кој нуди конкретни решенија за излез од сегашната ситуација во која и победите претставуваат пораз, а пријателите непријатели, вели Илија Илијовски еден од најекспонираните членови на ДПМНЕ, советник во општина Центар,а до неодамна и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Центар. Илијовски се споменуваше и како можен кандидат на партијата за градоначалничката функција во Центар и до пред неколку месеци редовно ги држеше партиските пресови.

Како што кажа тој, декларацијата ја поднесуваат со цел да покажат дека е време ВМРО-ДПМНЕ да го врати сјајот на демократска и цврста партија. Во декларацијата се предлага раководството да го разгледа принципот на слобода на мисла и говор, принципот на рамноправност, принципот на индивидуална одговорност , принципот на личен интегритет и квалитет и принцип на внатрепартиска солидарност.

-Се надеваме дека Централниот комитет ќе ја разгледа декларацијата, затоа што сметаме дека ќе има позитиевн ефект и кон членовите на раководството и кон членовите на партијата, вели Илиоски.
Во декларацијата реформаторите ги повикуваат сите членови на партијата на дебата и слободно размислување со што ќе се предложат решенија кои според нив ќе бидат поквалитетни од понуденото на еден човек.

-Мудри заклучоци ќе донесат решенија за проблемите. Крајната идеја е реформите да предизвиаат реизбор на органите и телата на партијата кои ќе овозможат да се истакне квалитетот на поединецот, а не гордо наведната глава, порачуваат иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски