(ВИДЕО) Реџеп Исмаил – Хактан: На царина и два директори се многу – власта воведува трет

Од:

Говорот на Реџеп Исмаил – Хактан на вчерашната седница за воведување втор заменик-директор на Царинска управа.

„Прво сакам да обратам внимание на коментарот на колегата Карапејовски дека ние сме трошеле ресурси тука. Прво вода немаше во салава, претседателката на комисијата очигледно од свој џеп донесе вода, тука никакви други ресурси не трошиме.

Тука сме за да ја информираме јавноста дека се предлага закон за да има трет директор во Царинската управа. Тоа значи дека една негова плата, ќе биде доволно вода за оваа комисија во наредните 4 години. трошењето ресурси е токму обратно, она што вие го правите.

Оттука, ние се одлучивме на филибастеринг за да го спречиме тоа. Очигледно дека не постои слух кај владејачкото мнозинство и жалам што тоа е така. Сега расправаме за дали да има трет директор или не, дури и два директори се многу. Тоа е трошењето на државните ресурси“, рече Исмаил – Хактан.

Би можело да ве интересира

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски