ВИДЕО: Разбојник напаѓал девојчиња и жени низ Центар и Аеродром, крадел накит, пари, паричници

Од:

Определен е притвор за 26-годишник осомничен за најмалку пет кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби, врз жени и малолетни девојчиња во Центар и Аеродром, при што се стекнал со противправа имотна корист од околу 100 000 денари.

– Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што појаснуваат, обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

– Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информира обвинителството.

Би можело да ве интересира

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Уапсен е возачот кој со камион прегази старец на патот Прилеп – Градско

Обвинителството не нашло докази за криминал во набавките на мазут за ТЕЦ Неготино