ВИДЕО: Рама пречекан со тапани на пуштањето во употреба на „Патот на Арбр“ кој ги поврзува албанска Пешкопеја со Дебар

Од:

По повод 29 ноември – Денот на ослободувањето на Албанија од фашистичките окупатори, пуштен е во употреба автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр), кој ја поврзува Албанија со Македонија на границата кај Дебар.

Премиерот Еди Рама, придружуван од министри беше пречекан со тапани од голем број жители од околијата Пешкопеја, но и од Дебар, која е соседна општина. На овој чин присуствуваше и делегација на општина Дебар, предводена од градоначаланикот Хекуран Дука.

-По автопатот, чија целосна изградба треба да заврши на пролет до година, ќе се минува преку обиколница кај местото Муриз, поради изградба на тунел. Во престојниот зимски период кога ќе има големи снежни врнежи ќе биде забранет за сообраќај, рече министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку.

Автопатот кој завршува кај преминот „Блато“ на четири километри од Дебар, ја скусува досегашната оддалеченост со Тирана за над 100 клометри. Сега оддалечноста Тирана-Блато изнесува 72 клометри. Се планира продолжување на автопатот и на македонска тетиторија.

Оваа делница, која минува низ планински предели, има шест тунели, од нив пет се изградени и четири моста, едниот од нив, кај селото Фшат, со 158 метри е највисок на Балканот.

Би можело да ве интересира

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски