ВИДЕО: Пуштен во употреба зелениот покрив на Домот на градежници, 400 метри квадратни зеленило и отворено кино

Од:

„Градот Скопје, и градоначалникот Петре Шилегов континуирано работат на реализација на проекти кои обезбедуваат еколошко урбано живеење, го зазеленуваат просторот.

По одличното искуство со зелените површини на Градскиот трговски центар, во употреба е пуштен вториот зелен покрив во строгиот центар на градот, на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Дом на градежници.

На површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрва, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, тревна површина и вертикално ѕидно зеленило, а поставени се и клупи и канделабри“, рече Горан Герасимовски, претседател на Општинска организација СДСМ-Центар.

„На ова ново зелено катче во центарот на градот, летно време планирано е да се организира мини отворено кино, со што ќе им се вратат спомените на постарите генерации скопјани.

Зелените покриви носат и придобивки,ја намалуваат температурата на самиот покрив и на околината, со што се намалува потребата од трошење за електрична енергија за ладење на околните објекти.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници изнесува 18 милиони денари и истиот е финансиран од буџетот на Град Скопје.Проектот е имплементиран во соработка и со поддршка на УНДП, а Кралството Холандија го донираше муралот кој што го облагороди изгледот на овој објект.

СДСМ продолжува посветено работи во интерес на граѓаните со заштита на животната средина, зголемување на енергетската ефикасност, создавање подобри услови за живеење во главниот град“, изјави Горан Герасимовски, претседател на Општинска организација СДСМ-Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

Герасимовски: Утре јавна презентација на Нацрт ДУП за Барутана, граѓаните да се вклучат со свои предлози

Горан Наумовски

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која тој лично ја спроведува

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар