(ВИДЕО) Пуштен во употреба новиот Центар за интервентна кардиологија во штипската Kлиничка болница

Од:

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска беше во посета на Клиничката болница Штип, каде што се изврши првата интервенција со новопоставениот ангиограф, со што и официјално стартуваше со работа новиот Центар за интервентна кардиологија во штипската Клиничка болница.

„Ова е стандардниот начин на кој функционираме и на кој ја шириме кардиолошката мрежа во Република Македонија. Се сеќавате дека на овој начин започнавме и во Битола, каде што под менторство на професорот Кедев започнаа првите кардиолошки интервенции. Професорот Кедев во наредниот период заедно со својот тим од клиниката за кардиологија ќе доаѓа во Клиничката болница во Штип, два до три пати во текот на месецот, кога ќе се соберат десетина интервентни случаи“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Тодоров истакна дека ваквата практика ќе се спроведува сѐ до моментот кога професорот Кедев и неговиот тим ќе одлучат дека тимот од штипската Клиничка болница е способен самостојно да ги извршува ваквите интервентни кардиолошки зафати.

IMG_0679

„Ја направивме првата интервенција на пациент со акутен инфаркт по неколку дена во акутната фаза. Пациентот е стабилен, помина одлично и доби драгинг лутинг стенд со одличен ангиографски и клинички резултат и потоа имавме уште една дијагностичка студија. Денеска имаме уште двајца пациенти и од денеска започнуваме со проектот за развој на интервентна кардиологија“, изјави професор Сашко Кедев.

Кедев уште додаде дека со овој проект ќе биде покриена цела источна Македонија, а во блиска иднина во проектот ќе бидат вклучени и докторите од регионот, кои на некој начин се вклучени во дијагнозата и во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања.

68-годишниот штипјанец, кој прв беше опериран во Центарот, се чувствува добро и е задоволен од тоа како помина интервенцијата. Според него, постапката на Министерството за здравство е исправна и ќе овозможи пациентите во иднина да ги избегнат долгите и мачни патувања до главниот град.

IMG_0668

Опремата за новиот Центар за интервентна кардиологија чини над 2.000.000 евра, а средствата беа обезбедени од страна на Владата на Република Македонија. Низ Клиничката болница во Штип годишно минуваат околу 100.000 пациенти, од кои голем дел имаат токму кардиоваскуларни заболувања.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството