ВИДЕО: Првите овластени такси-превозници од Струмица добија сертификати

Од:

Согласно законот за превоз во патниот сообраќај, општина Струмица и официјално ја започна постапката за издавање сертификати за овластени такси превозници.

Првите девет пријавени кандидати го положија испитот и добија уверенија врз основа на кои градоначалникот Зоран Заев, ќе ги издаде сертификатите за овластени такси превозници. Кирил Парталов, секретар на општина Струмица, денеска, информираше за активностите на општината во подигањето на квалитетот на услугите во авто – такси превозот.

– Од вчера во општина Струмица започна полагањето на испитите за авто – такси превозот што согласно законот за превоз на патниот сообраќај е надлежност на општината. Веќе денеска одржавме и заеднички работен состанок со претставниците на авто-такси компаниите кои што гравитираат во струмичкиот регион, а се со цел поквалитетно одвивање и вршење на оваа надлежност како единствен јавен превоз кој што се врши на територијата на општина Струмица. На овој состанок самите авто – такси компании беа запознати со начинот на издавање на сертификатите, а беа разгледани и повеќе прашања околу функционирањето на авто – такси превозот, а што е во надлежност на општината, како што се обврските околу такси стојалиштата, бојата и обележувањата на самите возила и секако обврските од страна на авто – такси компаниите. Значи целта на средбата беше квалитетно извршување на услугите во авто – такси превозот во општина Струмица, рече Парталов.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица