Претседателот на НДП Руфи Османи смета дека на земјава и е потребна Влада на широка коалиција која ќе донесе конзензус за името, а потоа ќе формира техничка Влада која ќе распише паралелни локални и парламентарни избори.
Ова Османи го изјави за време на првиот конгрес на нековата партија кој се одржа во Тетово. Тој рече и дека на престојните локални избори НДП ќе настапи самостојно, а потоа за вториот круг ќе дејствува онака како што ќе налагаат резултатите од првиот.