(ВИДЕО) Против популизмот – невладините да се борат со факти

Од:

Стоп за полициската бруталност, Операција Студентски дом, Фото Глас, Стоп на ограничувањето на правото на абортус, се само неколку од активистичките движења и иницијативи кои денеска ги презентираа своите искуства и начини на дејствување.

Поводот е промоција на македонското издание на книгата „Залагање за акција” од Џована Миџли и Александар Кавел, во превод на македонски јазик на Марија Булдиоска, што претставува прирачник за застапување, залагање и делување предводено од млади лица. Публикацијата е оригинално издадена од „IDEBATE Press“.

Намената на овој прирачник е да биде водич за младите луѓе кои размислуваат да го прифатат предизвикот наречен “залагање за промена”, во име на своите врсници и нивните заедници.

-Прирачникот настана како резлултат на долгогодишното искуство на Фондацијата Идеа од Велика Британија и нејзините сестри фондации работеа низ целиот свет. Како прирачник ќе им помогне на младите луѓе да го препознаат застапувањето и да го применат и во македонското општество, рече Марјан Стојнев од Фондацијата Идеа ЈИЕ.

Мајкл Стивејтер, директор на УСАИД Македонија, рече дека учеството на граѓаните во креирањето на политиките е главниот услов за демократско општество.

– Учеството на граѓаните во креирањето и промената или подобрувањето на политиките претставува основен услов за демократско општество. Учеството во политките кои се соодветни на потребите на граѓаните во државата и ги адресира нивните проблеми. За тоа е потребно е истражување, организација и мобилизација. Невладините акции треба да ја покажат нивната видливост во јавноста, не само да прилечат што поголем број на луѓе, туку да покажат транспарентност и отвореност во работата. Да покажат што сакаат да постигнат, како ќе објаснат што работат на некој што не им е близок во проблемите. Притоа, мора да се користи јазик лесно разбирлив за луѓето. Вмрежувањето и соработката се клучни за постигнување на влијанија или промени во политиките. Вмрежувањето овозможува на граѓаните и организациите да земат удел и да обезбедат влијание и поддршка. Формалните и неформалните групи треба да инвестираат да креираат коалиции, ова е логичен редослед од вмрежувачките акции и предвидува поголема соработка. Јавните излагања и начини на комуникација мора да бидат поткрепени со факти и информации како одговор на пропагандата и популизмот, рече Стивејтер.

Младинскиот образовен форум (МОФ) и Фондација ИДЕА Југоисточна Европа, организираа настан посветен на застапувањето, активизмот и залагањето за акција, со цел да се споделат теоретски и практични знаења за да се промени и животот на заедниците.

– Здружувањата и анимирањето на што повеќе луѓе, индивидуи и организации, формални и неформални групи е клучот за успехот во услови на функционирање на едно општество како што е македонското, рече Марјан Забрчанец, извршен директор на МОФ.

Тој ги наведе примерите на акциите како повлекувањето на проблематичниот закон за млади, Операција студентски дом, акцијата за Вања Лазарова и акцијата за укинувањето на ДДВ за хуманитарната помош и донации за настраданите во поплавите во Србија и БиХ, како акции кои во последите неколку години дале позитивни резултати и реални промени.

Никола Писарев го претстави движењето Фото Глас, кое почна на интернет, но со испраќање на фотографиите до надлежните се поправиле многу проблеми на граѓаните.

-Фото глас е една од алатките, платформа која што овозможува на сите оние како мене, што не сакаат премногу да се повикуваат на членови на закони, не сакаат да се повикуваат на законски права, туку на здрав разум, на здрава логика, дека сите ние имаме право во оваа држава да живееме онака како што треба, да ги добиваме своите права, врзано со здравата логика, рече Никола Писарев, еден од иницијаторите на Фото Глас.

Настанот и печатењето на публикацијата е поддржано од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија. Публикацијата е оригинално издадена од IDEBATE Press, а ИДЕА ЈИЕ и МОФ обезбедија превод, адаптација и печатење на изданието на македонски јазик.

10370727_10202967848969970_1752027654_n

А.Б.

Би можело да ве интересира

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Фридом Хаус изразува длабока загриженост за списокот со невладини организации на српските власти

Жарко Настоски

Српските власти бараат проверка на сметките на десетици новинарски здруженија и невладини организации

Жарко Настоски

Во Битола саем на невладини организации

Ана Ололовска

Невладини бараат оставка од Спасовски и од директорите на УБК и Агенција за разузнавање поради бегството на Груевски

Наум Локоски

Невладини организации бараат повлекување на предлог измените на Законот за јавни претпријатија

Ана Ололовска