ВИДЕО: Протести за ослободување на Кежаровски

Од:

Со свирежи и транспаренти „Глад за слобода“, „Колку пари чини живото на Кежо“, пред Кривичниот суд, новинарите побараа ослободување на колегата Томислав Кежаровски, на кој му беше продолжен притворот по трет пат.

Новинарите се противат на политизирано судство и мерките кои ги презема власта против слобода на изразување.

„Време е да почнеме да ги именуваме сите послушници кои ги спроведуваат наредбите на надлежните. Ниедна демократска форма веќе не функционира, слободата на изразување е мртва“, беше порачано од пред Кривичниот суд.

Томислав Кежаровски веќе четврти ден е во штрајк со глад поради судската одлука, а на ваквиот чекор се приклучи и неговата сопруга, загрижена за неговото здравје. Слобода за Кежаровски бараат сите новинари од Македонија, Европската асоцијација на новинари, ОБСЕ, асоцијацијата на новинари од Југоисточна Европа, а вчера кон повикот се приклучија и новинарите од Србија, Притворање на Кежаровски е само порака дека секој новинар ќе пројде исто доколку пишува и зборува работи кои не и се допаѓаат на власта, и која редовно се амнестира со „независноста на судската власт“, иако со низата судски одлуки уште одамна покажа дека и тоа како е зависна.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ