Во Валандово се одржува протестен марш против изградбата на рудникот Казандол. Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Дали нашите животи вредат 70 милиони евра“, „Премиере ве држиме за збор, СТОП за Казандол“, „Земјоделие да, рудници не“.
Posted by Kiril Paunkov on Петок, 08 декември 2017
„Во склоп на овој масовен собир на граѓаните од Југоистокот, во 15 часот ќе започне „Конференција на граѓаните против рудниците на смртта“ каде ќе може да слушнеме слични искуства од стопирање рудници од пријатели од Романија, како и од пријатели од соседна Грција и Бугарија. Исто така, ќе имаме простор за дискусија на тема „Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”. Конференцијата ќе се одржи во Валандово“, велат од здружението „Спас за Валандово“.