ВИДЕО: Протест против Тачи и Ахмети пред Клуб на пратеници

Од:

Пред влезот во Клуб на пратеници мал број на граѓани протестираат против претседателите на двете албански политички партии, ДУИ и ДПА, додека внатре во секој момент се очекува да почне новата рунда разговори меѓу политичките лидери.

Граѓаните кои протестираат на себе го носат обележјето на граѓанското здружение „Беса“ и велат дека на овој начин сакаат да го искажат незадоволството од албанските претставници.

– Каква одлука и да се донесе денеска ние не сме задоволни од Тачи и Ахмети, не ги признаваме како претставници достојни за Албанците. Од снимките се виде дека се грижат за своите интереси, а не за интересите на граѓаните, велат демонстрантите.

На нивните транспаренти пишува дека Ахмети и Тачи се предавници на Албанците, дека не ги претставуваат и дека се корумпирани политичари.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда