(ВИДЕО) Протест пред Уставен: Судска мафија, ќе одговарате!

Од:

„Бандо криминална“, „Мафија на робија“,„Лопови, „Партиски судии“, „Судска мафија ќе одговарате“, „Нема правда нема мир“ „Оставка“, „Нема да ви помине“, извикуваа и силно свиреа револтираните граѓани, попладнево, пред Уставниот суд.

Граѓаните и активистите од граѓанската платформа АЈДЕ бараат одговорност за петмината уставни судии Елена Гошева претседателката на Уставен суд и Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски, судиите кои денеска гласаа да се прифати иницијативата поднесена од адвокат Ристо Китевски и да се измени Законот за помилување со кои, претседателот на државата, во иднина ќе може да помилува лица осудени за изборни криминали, но и за педофилија и други тешки дела. Граѓанската платформа АЈДЕ го организираше протестот под мотото „Да го Уставот од Уставниот суд“.

Тие велат дека со оваа одлука судиите станаа соучесници со изборниот криминал.

Измените се прават во време кога Специјалното јавно обвинителство покрена истражна постапка за осум лица осомничени за изборни нерегуларности, меѓу кои поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата