ВИДЕО: Протест пред Собранието

Од:

Пред Собранието на РМ протест инициран по повик на група на Фејсбук за како што се вели „погрешните политики на власта“.

-Целта е да се каже СТОП на погрешните политики на властодршците. Ова е граѓанска фајсбук иницијатива на група луѓе, непартиска, собир без директиви, на кој јавно ќе си ги кажеме нашите ставови“, изјави Лилјана Сачевска една од членовите на Фејсбук иницијативата.

Според неа, зад протестот не стои ниту една политичка партија и самите се организирале по социјалните мрежи. Дел од учесниците носат црни знамиња со бели букви, како симболика дека државата не функционира. Според иницијаторите, боите ќе се менуваат во зависност од тоа како ќе се менувала ситуацијата.

Пред Собранието се појавија помеѓу 200 и 300, а иницјаторите од УДАР велат дека и тоа било доволно со оглед дека се работело за спонтан протест и најавија дека активностите не запираат тука.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда