ВИДЕО: Пронајдено оружје и муниција во канал покрај земјен пат кај Блаце

Од:

Припадниците на МВР по преземени мерки и активности во атарот на сeло Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, во канал покрај земјен пат денеска пронашле и одзеле оружје и муниција.

– Од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршуми калибар 7,62 мм, стои во соопштението.

На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и пронајдените предмети се подигнати, по што со наредба од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко – технички иситувања и вештачења при МВР заради изготвување вештачење.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на настанот, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски