(ВИДЕО) Пронајдени 344 стебла канабис во селото Пагаруша

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Скопје, на 26 август во атарот на с. Пагаруша во месност викана „Две Реки„ (земјиште во државна сопственост), пронајде и искорна 344 стебла од растението „Канабис Сатива“, со големина од 55 до 260 см., како и црева за наводнување на истата во поголема должина, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од страна на увидна екипа при СВР – Скопје, извршен е увид при што се земени примероци од стеблата и предадени на ОКТ при МВР, а исто така подигнати се цревата и алат заради крим – техничка обработка.

СВР – Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот или сторителите на кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по чл. 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

По извршеното вештачење и целосно документирање на случајот до надлежното Основно јавно обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Taткото насекаде ја барал 14-годишната ќерка, таа му се јавила од друга држава

А1он

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

Во потрагата по Вања пребарувано е коритото на Вардар, подруми во околината, контактирани се цркви и манастири

А1он

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

По Вања се уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава

Александар Тодески

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он