ВИДЕО: Промовирана физибилити студијата за панорамски трамвајска линија „Цареви Кули“

Од:

Денеска во просториите на домот на АРМ во Струмица беше промовирана физибилити студијата за изградба на панорамска трамвајска линија „Цареви Кули“, а во рамките на проектот „Грантова шема за поддршка на Југоисточниот плански регион“ финансиски поддржан од програмата за регионален економски развој на ГИЗ -РЕД.

На промоцијата присуствуваа претставници на бизнис заедницата, здруженијата на граѓани, членови на Советот, општинската администрација и на Југоисточниот плански регион.

-Отвораме една многу важна тема за еден многу значаен проект кој граѓаните на Струмица и на целиот струмички регион очекуваат да се реализира во иднина. Проект, кој преку презентацијата на физибилити студијата покажува неколку важни работи. Прво, покажува економска оправданост на самиот проект, второ, самата физибилити студија понуди решенија за решавање на практичната имплементација и физичка реализација на самиот проект и на крајот, секако, испраќа силни пораки за нова потенцијална можност за развој на туризмот во Струмица и целиот Југоисточен регион во Македонија.

fizibiliti-str (11)

 – Ги повикувам граѓаните отворено да се вклучат во дебата на секој можен начин кој што постои, да ја испратат пораката до одлучувачите во општина Струмица, тоа се советниците, Градоначалникот и институциите за да ги дадат правците на нејзиното имплементирање. Во наредните дваесетина денови ќе организираме донаторска конференција во канцеларијата на Европската унија во Скопје каде што ќе ги повикаме сите потенцијални донатори кои постојат и функционираат во Македонија за да видиме евентуална привлечност за финансирање на проектот или партиципирање во финансирањето, за да знаеме како понатаму со другите можности кои ни стојат на располагање, како, јавно – приватно партнерство и секако на крајот стопроцентно финансирање од буџетот на општина Струмица.

fizibiliti-str (5)

 – Ова е едно од моите ветувања пред граѓаните на општина Струмица на последните локални избори, дадоа мнозинска поддршка, но престојат и одлуките од страна на Советот, а секако и потстрекот на граѓаните кои треба да го упатат на нас. Сакам да им се заблагодарам на професорот од градежниот факултет кој заедно со својот тим работеа од љубов за оваа физибилити студија, на ГИЗ-РЕД кои учествуваа во најголем дел од финансирањето, а останатиот дел е од буџетот на општина Струмица, на Југоисточниот плански регион, на колегите градоначалници кои што дадоа поддршка, на администрацијата на Југоисточниот плански регион која беше вклучена во подготвувањето на студијата и секако на луѓето вработени во Секторот за локален економски развој во општина Струмица, рече градоначалникот Заев.

fizibiliti-str (2)

Резултатите од физибилити студијата ги презентираше Зоран Кракутовски, професор на Градежниот факултет во Скопје.

-Ова е прва студија за ваков транспортен систем. Сметаме дека според резултатите кои што ги добивме, овој проект е економски оправдан и истиот ќе допринесе за развојот на туризмот и воопшто на регионот и од домашни и од странски туристи. Сметаме дека проектот во делот на економската проценка со техничките решенија за трасата кои ги предложивме би бил корисен за граѓаните на општината и Југоисточниот плански регион, рече Кракутовски.

fizibiliti-str (3) fizibiliti-str (1) fizibiliti-str (4) fizibiliti-str (6) fizibiliti-str (7) fizibiliti-str (8) fizibiliti-str (10)

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски