(ВИДЕО) Прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Од:

На владина седница е одлучено да се воведе кризна состојба на дел од територијата во Македонија, односно во Дебар и Центар Жупа, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Од девет пациенти (од кои една е веќе негативна на коронавирусот) кои во моментов се на Инфективната клиника и се заразени од коронавирусот, седум се од Дебар, од истиот град се и новите четворица заболени, па оттаму и причината зошто е донесена ваквата одлука.

За жителите на овие општини ќе следи комплетно ограничување на движењето. Ова ќе значи и забрана за влез и излез од овие општини. Во следните 24 часа, според Филипче да се разработи оперативниот план за тоа како ќе се функционира во рамките на оваа кризна состојба.

 

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он