Вчера во Tетово од зграда е фрлено куче од седми кат на зграда. Од снимката се гледа дека кучето е неподвижно по падот од големата висина. Вратата на терасата била заклучена, потоа се отворила и некој со дрвен предмет или џогер го бркал кучето а немало излез од терасата. Потоа во еден момент кучето на ивица на терасата немајќи излез и поттурнато падна од терасата и остана да лежи неподвижно по падот, велат очевидци на настанот.
Наместо да се казнува со високи казни, правосудните органи сеуште не му пристапуваат сериозно на овој проблем.
Обвинителот Борче Јанев, ја отфрли кривичната пријава против лицето кое во јуни 2023 година, влечеше куче врзано за неговото возило на отворен пат.
И покрај тоа што јавниот обвинител констатирал дека осомничениот навистина со неговото возило влечел бездомно куче, во образложението навел дека и „возењето било колку што може поспоро, кучето во ниту еден момент не е влечено по асфалтот, односно патот, за да може да се смета дека страда и дека има болки или маки“.
Според тоа, влечењето со кола по пат доколку е поспоро не спаѓа во кривичното дело „Мачење животни“, а по се изгледа за обвинителот нема ниту загрозување на безбедноста во сообраќајот.