(ВИДЕО) Признанија за вина во „Титаник“: Протуѓер, Јанкулоска, Јанакиески и пет други обвинети преземаа одговорност

Од:

Со новото отпочнување на судењето за  „Титаник“, дел од обвинетите признаа вина. Обвинителката Лиле Стефанова не го повтори воведниот говор туку остана на тоа што го кажа претходно. Прв вина призна Мартин Протуѓер. Тој кажа: „Би сакал да изјавам дека по однос на дел од обвинението превземам одговорност од морален аспект како морален чин и доблест и од тој аспект ја прифаќам вината. По однос на другото, не се чуствувам виновен“.

dobivaj vesti na viber

По него, Кирил Божиновски кажа дека не се чувствува виновен, па додаде: „Ќе докажам дека не сум виновен во постапката“.

Миле Јанакиески беше вториот кој призна вина, посочи дека и натаму смета дека предметот не треба да се води поради помилувањето од поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов, по што посочи: „Признавам вина за дел од кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Во однос на делата чувствувам морална вина и затоа се произнесов за виновен. Тоа е мое лично чувство и се однесува на мене и моите позиции. Чувствувам потреба да преземам одговорност и да демонстрирам морален чин. Ја користам приликата да упатам извинување до сите оние кои на било кој начин биле навредени и повредени слушајќи ги т.н бомби. Се надевам дека ова ќе биде поттик во иднина кој би предизвикал промени. За останатиот дел од обвинението, не се чувствувам виновен“.

Јанкуловска и Протуѓер меѓу првите посочија дека признаваат вина

Ексминистерката Гордана Јанкулоска која издржува затворска казна исто така призна вина.

„По однос на обвинението кое е во правна сила повеќе од четири години, сметам и сметав дека постапкава не треба да се води, поради фактот што експретседателот Ѓорѓе Иванов по однос на обвинението донесе одлуки за помилување и ослободување од кривично гонење. Тоа се серија одлуки објавени во Службен весник. Сепак, по однос на наводите на обвинението имајќи во предвид дека оваа постапка сепак се води сакам да наведам дека лично сметам дека одговорноста треба да се преземе и во таа смисла, по однос на наводите во ова обвинение се изјаснувам како виновна“.

Илија Димовски кажа дека не е виновен за делата за кои се гони.

„Со оглед на фактот дека никогаш не сум извршувал функција претседател, генерален секретар, шеф на изборен штаб, а со оглед дека сум бил хиерархиски подреден или еднаков со други педесет лица, со оглед на фактот дела под полна морална одговорност не сум собирал финансиски средства, а сум обвинет за такво дело – се чувствувам невин“, кажа Димовски.

Билјана Бришковска на новиот почеток од постапката за „Титаник”, посочи дека превзема одговорност.

„Истакнувам дека прифаќам одгворност и тоа го правам од човечки, професионален и одговорен аспект, но и од аспект на позициите кои сум ги извршувала. Како човек со и интегритет и вредности во кои верувам и се залагам, би сакала од аспект на позициите кои што сум ги обавувала да покажам дека треба и мора да се почитува правната држава и дека за тоа секогаш ќе се залагам. Нека овој гест биде пример дека човек мора да опстои на принципите во кои верува прифаќајќи одговорност кон правдата. државата, народот, соработниците и колегите“, рече Бришковска.

Илија Димовски и Леко Ристовски сметаат дека не се виновни

Леко Ристовски кажа дека бидејќи се работи за идентитчно дело како кај Илија Димовски не сака да се повторува во делот на извршување функции во партијата.

„Не сум го прекршил законот и се чувствувам за невин”, кажа Ристовски.

Катерина Веловска, исто така обвинета, кажа дека се чувствува за виновна.

„Нема да додавам ништо”, рече обвинетата.

Станко Коруновски не признава вина и рече дека е невин. По него Киро Тодоровски кажа дека се чувствува виновен и се извини.

„Се извинувам за непријатностите кои се предизвикани, во ниту еден момент не сум бил свесен дека тие активности се казниви“, кажа Тодоровски.

Мунир Пепиќ кажа дека нема да се извинува бидејќи никогаш на никому не згрешил.

Јанакиески призна вина во „Титаник“

„Не знаев тогаш дека е тоа кривично дело, но сега изјавувам дека се чувствувам за виновен“, кажа Пепиќ, кој е осуден и за предметот „27 април”.

Ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кажа дека со оглед дека не вршен функции во Македонија, ниту бил член на македонска партија. Тој се изјасни за невин.

„Со оглед дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат свои партиски тела, јас не сум бил член на нив, со тоа кажувам дека не сум превземал никакви криминални дејства. Не се чувствувам за виновен“, кажа Темелко.

Драгче Дракчевски истакна дека не бил член на политичка партија. Тој исто така рече дека е невин.

„Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер во мојот живот првпат ги видов во судницава. Во вербата во вас, вашата чесност и праведност, не се чуствувам за виновен„, кажа тој.

Маријан Накевски се придружи на кажаното од Драгчевски дека за првпат Протуѓер и Јанкуловска првпат во живо ги има видено во судница.

„Се чувствувам за невин“, кажа Накевски.

Гоце Јаневски исто така тогашен припадник на МВР, кажа само: „Не се чувствувам за виновен“. Ѓезми Ахмет, обвинет во „Титаник“ се придружи на кажаното од Драгчевски и кажа дека не се чувствува за виновен. И Роберт Давитков се придружи на кажаното од Драгче Драгчевски дека не ги познавам Јанкулоска и Протуѓер, па така не се гледа за виновен. Ленка Рашајковска кажа само: „Не се чувствувам за виновна“.

Лиле Стефанова посочи дека е задоволна од потегот на обвинетите

На крајот, Коста Митровски рече дека имајќи ја во предвид одлуката за аболиција на Ѓорѓе Иванов, постапката не требало ни да почне.

„Но денеска, ќе се изјаснам за виновен“, кажа Митровски.

Лиле Стефанова, обвинителка во случајот „Титаник“, на крајот од рочиштето побара раздвојување на постапката за обвинетите кои признале вина.

„Да се формира нов предмет и да продолжи постапката, а за остантите да се закаже главна расправа“, посочи Стефанова.

Судијата Осман Шабани најави формирање на нов предмет.

Би можело да ве интересира

Побаран куќен притвор за Јанакиески

Кристијан Ландов

Титаник: Јанакиески доби најголема казна од 4,6 години, Протуѓер е условно, Јанкулоска 2,6 години затвор

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Стефанова побара условни казни за Протуѓер и Јанкулоска во „Титаник”, но не и за Јанакиески

Кристијан Ландов

Судењето за случајот „Титаник“ одложено за 30 септември

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина”, „Титаник“ и „Плацеви на Водно“