(ВИДЕО) Приведени повеќе лица во Вевчани, тврдат дека акцијата била полициска бруталност

Од:

Повеќе лица се приведени при акцијата на полицијата во Вевчани, дознава „А1он“. Меѓу нив е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Вевчани, Ѓорги Влајнкиноски. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од себеси во полициското комбе, со кое бил однесен во станица. Од МВР нема податок колку други лица се приведени. Присутните на Вевчанскиот карневал, се судрија со полицијата за што говорат и видеата.

„Денес бев апсен. За ништо, се разбира. Нема страв, нема предавање. Има полициска бруталност, ама ќе им помине. Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви благодарам за пркосот кон полициската бруталност. Да живее Вевчани, да живе Македонија“, објави Влајнкиноски на социјалните мрежи.

Од МВР веќе најавија дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Тие кажаа дека полицијата интервенирала поради непочитување на забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните  во услови на глобална пандемија.

Полицијата интервенираше попладнево, а Вевчанскиот карневал беше растурен. Граѓаните кои дојдоа да го следат карневалот, но и жителите, полицијата ја дочекаа со пцовки, исвиркување, карање, но и провокации. Полицијата во Вевчани дојде со неколку комбиња.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци