ВИДЕО: Приведен дилер, пронајдена половина килограм марихуана

Од:

Приведен е дилер кај кој била пронајдена половина килограм марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (04.04.2022) во с.Кадино, општина Илинден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(51) од с,Кадино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана и дробилка.

Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, до надлежното основно јавно обвинителство, ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ