ВИДЕО: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих

Од:

Денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Златко Перински оствари средба со германскиот амбасадор во Република Македонија, Томас Герберих.

На средбата се разговараше за односите на Република Македонија со Република Германија, актуелната политичка состојба и стратешките приоритети на земјава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО. Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за остварување на овие цели биле и ќе останат приоритет.

Мицковски го информираше својот соговорник дека неоправдано во притвор од страна на актуелната власт се држат 6 пратеници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што преставува 12% од самата коалиција или 5% од вкупниот број на пратеници.

Од страна на претседателот Мицкоски беше констатирано дека и покрај забелешките на Народниот правобранител за начинот на притворање и процедурата за спроведување на народните избраници до судот, до сега нема никаква одговорност од страна на актуелната власт.

Мицкоски исто така потенцираше дека нема конкретни чекори од страна на СДСМ за подобрување на политичкиот дијалог помеѓу опозицијата и власта.

Двајцата соговорници констатираа дека и во иднина ќе продолжат постојаните контакти и комуникации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и амбасадата на Република Германија, како и со претставниците на Европската Унија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање