ВИДЕО: Претреси во Кичево, приведени дилери на дрога

Од:

Сузана Праниќ Талевска, од Секторот за односи со јавност во МВР денеска на прес-конференција информираше за оперативна акција чија цел е ставање крај на трговијата со дроги на подрачјето на Кичево.

-Во текот на вчерашниот ден Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Кичево во рамки на оперативна акција чија цел е конечно ставање крај на трговијата со наркотични дроги преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево, изјави денеска Праниќ Талевска.

Таа напомена дека вчера во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А. каде како совозач бил неговиот брат А.А.. При извршениот преглед на возилото пронајдени се пакувања марихуана, поголем износ на парични средства и нож.

-По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд во Кичево извршен е и претрес во нивниот дом во Кичево при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажбата на наркотична дрога, истакна таа.

Нагласи дека покрај ова, против овие лица С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство и судот и тоа за агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурноста преку упатување на сериозни закани по граѓани, полициски службеници и нивните семејства кои за жал завршиле без исход.

Против овие две лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 со предлог за определување на мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код