ВИДЕО: Пресметка со секирa и пиштол во Нови Пазар, еден куршум погоди минувачка

Од:

Тежок инцидент се случи денеска среде бел ден во српскиот град Нови Пазар, каде двајца мажи, едниот вооружен со пиштол, а другиот со секира, се пресметуваа на плоштад пред очите на стотици сведоци, при што е ранета една жена, случајна минувачка.

Двајцата мажи прво влегле во расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која едниот учесник, со иницијали М.И. извадил пиштол, а М.К. потегнал секира која ја носел во автомобилот, велат извори од полицијата за српските медиуми.

М.И. истрелал пет куршуми, од кои еден погодил минувачка во ногата. Таа е префрлена во болница и е надвор од животна опасност, според полициските извори.

На друга снимка се гледа како еден од двајцата мажи по пукањето ја носи секирата следен од зачудените минувачи, по што ја фрла на шеталиштето покрај новопазараскиот плоштад „Гази Иса-бег Исаковиќ“.

Двајцата учесници во инцидентот се уапсени.

Пред само неколку месеци, во Нови Пазар имаше сличен случај, во кој 31-годишна жена, која случајно се најде во центарот на градот за време на престрелка, исто така беше ранета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол