(ВИДЕО) Прентовиќ: Со режимското однесување Трипуновски врши притисоци, мобинг и закани за администрацијата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно однесување покажува дека тоне во очај и безидејност и продолжува да работи против интересите на граѓаните.

Однесувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е класично режимско однесување, кое потсети на времињата на груевизмот кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци, мобинг и закани за губење на работни места врз администрацијата.

Со неовластеното снимање на вработените во подрачната единица во Берово Трипуновски сторил грубо прекршување на Законот за приватност на вработени во јавен или приватен сектор“, рече Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.

„Ништо друго и не може да се очекува од кадар на ВМРО-ДПМНЕ, лице против кое се води кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Неовластено снимање, упади, заплашување малтретирање и закани кон вработени во администрацијата, тоа е понудата на опозицијата и Христијан Мицкоски.

Назначувањето на Трипуновски, личност која организираше партиски протести на лажни земјоделци само го потврдува односот на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделците.

11 години оваа партија ги потценуваше и злоупотребуваше земјоделците, продолжи да го прави тоа и како опозиција, а продолжува да го прави тоа и сега кога има дополнителен заменик министер во преодната влада.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ