(ВИДЕО) Прентовиќ: Пченицата од стоковите резерви се продава на фирми блиски до власта

Од:

Три пати се зголемени трошоците за репроматеријали, за семенски материјали, минерални ѓубрива, нафта, заштитни средства, амбалажа и друго. Земјоделците кромидот го продаваат за 5 денари, а ги чини 6 денари за килограм. Од вкупното производство се откупени само 25%. Индустриското јаболко го продаваат за 1 денар заработка, дури и нема кој да го откупи, ниту пак постои откупен центар или ладилници за чување. Не е исплатена и оштетата за град, од поплавите што го зафатија преспанскиот регион, вели Татјана Прентовиќ.

Субвенциите на лозарите не се целосно исплатени и покрај ветувањата на власта дека тоа ќе го исполни.

Пченицата се откупува за 8 денари од килограм. Земјоделците не ја продаваат туку ја користат за исхрана на добитокот. Истовремено државата увезува пченица за 15 денари од килограм. Кого таа штити? Еве кого…Пченицата од стокови резерви се продава на фирми блиски до ВМРО ДПМНЕ, по 7 денари од колограм, иако истата е увезена од Србија за полнење на стокови резерви, по 13 до 15 денари од килограм. Деновиве овие фирми ја продаваат во Албанија по 12 и пол денари од килограм. Криминал тежок, оштетени стокови резерви.
Малешевскиот компир нема пласман. Никој не го откупува, а се увезува од европски земји. Само 2 до 5 % од вкупното производство се продадени на градските пазари, а цената е едвај 6 до 8 денари по килограм.

Јагнињата кои се откупени во април минатата година, сеуште не се исплатени по договорената цена од 140 до 160 денари од килограм. Од болеста син јазик се угинати околу 30 000 овци кои чинат по 100 евра грло, и целата штета изнесува 3 милиони евра.

Ниската откупна цена на млекото од 15 до 18 денари од литар се заканува да го намали и онака намалениот број на крави. Оваа влада не умее да го зачува добиточниот фонд. Дури сега се сети дека добиточната храна била многу важна во сточарството, па ќе субвенционира во системот капка по капка за зголемување на приносите. Сега се сети дека крајниот производ во сточарството започнува со добиточна храна, и најмногу зависи од неа, бидејќи таа е најголемиот трошок.

Оваа влада нема ниту сериозна анализа, ниту сериозен план колку и како Македонија произведува добиточна храна. Затоа нејзиното производство опаѓа, а увозот изнесува 50 до 80% од потребите или околу 25 милиони евра годишно.

СДСМ има решенија за итно зголемување на добиточниот фонд. Тоа се:
Ослободување од данок на добивка во период од 5 години за отварање сточарска фарма.
Доделување на државно земјоделско земјиште на сточарите за производство на поефтина добиточна храна со цел зголемување на стадата.

Субвенционирање на производството на кабаста храна и подршка за мигрирање на добитокот во летниот период со доделување по 3 евра за овца или коза.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ

СДСМ: Користење на фалсификуван документ е криминал, Христовски итно да се повлече од директор на АНБ

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Автопатот до Блаце проектиран да носи милиони од експропријацијата за СДС и ДУИ

СДСМ: Се потврди она на што укажувавме – лажен е сертификатот на Бојан Христовски

(ВИДЕО) СДСМ: Намалувањето на маржите – голема измама на Мицкоски кој ги штити трговците

А1он

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов