ВИДЕО: Премиерот ветува, а на МТВ уште врти рекламата колку државниот испит е супер

Од:

Собранието ги изгласа промените само пет дена откако премиерот тоа го вети. Барањата беа да се одложи примената на Законот за високо образование, барем до 2018 за да се остави простор за следните чекори, рекоа студентите од техничките факултети и изразија сомневање во искреноста на премиерот.

– Додека премиерот ветува, на МТВ уште врти рекламата колку државниот испит е супер. Изминативе 4 месеци бевме игниорирани, се сеќавате на насловите дека не постои Студентскиот пленум, на изјавите на премиерот -“не знам зошто протестираат, нека протестираат“. Затоа сме скептеични, не дозволуваме да не купи омекнување на реториката, бидејќи ништо не ни гарантира дека се кога ќе стивне ќе се заборави на ветеното, а тоа е сосема нов закон за високото образование. Сакаме решенија за честото прекршување на правото на автономија, неодржливиот систем на финансирање, постоењето на диксриминација и корупција, недоволната државна поддршка за научно истражувачки цели, давачките за студентите кои се непотребни и нереални. Затоа Студентскиот пленум бара ректоратот на УКИМ да се обрзе на загарантирано учество на Студентскиот и професорскиот пленум, формирање на работни групи со студентскиот и професорскиот пленум, временска рамка за изработка на прв и втор нацрт на закон. Универзитетот треба да е бастион на критичката мисла, тоа е онаму каде не заокружуваш сервирани одговори, онаму каде што те учат, не што да размислуваш, туку како да размислуваш, истакна активист на Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски