(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Од:

Граѓаните од Карпош бараат да запре изградбата на 17-катницата кај Воена болница, а институциите да реагираат на волјата на народот. Порачаа дека не смее да се гради во близина на комплекс болници затоа што така ќе се загрози безбедноста на оние што ќе треба да стигнат до болница.

Ова беше главна порака на протестот “Против бетонизација на Карпош“ кој се одржа помеѓу бензинската пумпа на Макпетрол и болницата Жан Митрев каде што ќе се гради 17-катницата. Граѓаните порачаа дека им е “преку Стевче“ и „Доста стевчоизација“, „правда пред профит“.

Присуствуваа над стотина граѓани од Карпош пред кои се обрати и претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов кој доаѓа од партијата Левица.

– Сите ние сме свесни дека ова е изгласано во 2012 година, но нашата волја не е слушната. Се потрудивме најмногу што можевме да се донесе суспензија со план да се направи ревизија за да се сопре ова лудило. Не ми е јасно која будала има потпишано вакви проекти, од министри, инвеститори, службеници до градоначалници. Овој простор тука е планиран да биде болнички комплекс. Која безбедност ќе се осигура за нашите сограѓани ако не може да стигнат до болница. Мора да имаме во глава дека се работи за болници, сега има застој и замислете плус 1.000 автомобили во хаосот – рече Бранко Ристов.

Причина за протестното изразување на незадоволство е одлуката на Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски да издаде одобрение за градба на земјиштето помеѓу бензинската на Макпетрол и болницата Жан Митрев со што овозможи инвеститорот Фатмир Етеми да се стекне со дозола за изградба на 17-катница на простор откупен од бизнисменот Орце Камчев.

Советот на Општина Карпош минатата година изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но Јакимовски, според советниците, ги заобиколи овие одлуки и сите повици за прекин на изградбата.

Објектот нема добиено позитивно конзерваторско одобрение за градба бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик, поранешна “Воена болница“ и не е испочитуван правилникот за минимална должина на разделниот појас од најмалку 20 метри оддалеченост од бензинска станица бидејќи овој проект предвидува 13 метри оддалеченост.

Спорна е и изградбата на објект со висина од 60 метри во непосредна близина на болница во која за итни медицински интервенции слетуваат хеликоптери, но не е добиена потврда од од Агенција за цивилно воздухопловство.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција