ВИДЕО: Пратениците добија маици со натпис „Слобода за Кежо“

Од:

Новинарите во Собранието денеска однесоа 123 маици за пратениците на кои пишува „Слобода за Кежо“. Тие беа предадени во архивата, и беше упатен повик до сите пратеници да земат по една и да ја облечат од понеделник, како поддршка за ослободување од притворот на новинарот Томислав Кежаровски.

– Јас би сакал само да апелирам до пратениците независно од која политичка партија, верувам дека сите ќе застанат во одбрана на демократијата и слободата на изразувањето и особено на легитимната цел, нашиот колега да се брани од слобода. Ние не ја прејудицираме неговата вина или невиност, но со оглед дека е јавен работник, новинар, да може да се брани од слобода.

– За нас вчера беше запрепастувачка веста дека експресно е закажано судење на 9 август, не знам дали досега во историјата на македонското судство се закажала експресно судење, но и изјавата на претседателот на судот дека јавниот притисок и целиот случај налага целиот процес да се процесуира се надевам дека тоа нема да е причина нашиот колега да продолжи да биде во притвор туку дека пред почетокот на судењето ќе биде ослободен, рече Зоран Димитровски, главен и одгворен уредник на Нова Македонија.

-Маиците точно 123,  се предадени во архивата, пратениците во понеделник кој како чувствува, може да ги земе и да ги носи. Собранието е храм на демократијата и ова е адресата каде треаб да ја побараме поддршката за нашиот колега Томислав Кежаровски и општо за слободата на изразување, рече Сашка Цевтковска, новинар.

На Кежаровски притворот му беше продолжен по трет пат, а по острите реакции и обвинувања кои беа разменети помеѓу Кривичниот суд и новинарите, судот на сред одмори закажа експресно судење за случајот во кој е обвинет Кежаровски за откривање на идентитет на сведок, кој испадна дека е лажен.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ

Кежаровски повикан во полиција заради учество во „Шарената револуција“

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска