ВИДЕО: Пожарот од „Глобал“ се прошири на тезгите во пазарот

Од:

Пожарот кој избувна вечерва по 23 часот во Трговскиот центар “Глобал“ во Струмица се прошири на тезгите во пазарот, во приземјето.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пред малку пожарот се проширил во внатрешниот дел од трговскиот центар, каде се сместени поголем број на тезги.

Според него, пожарот кој ги зафати неколкуте дуќани од надворешната страна е локализиран.

Засега нема повредени, а само на еден граѓанин побарал помош од медицинските екипи, најверојатно од претрпен шок од пожарот.

Гаснењето на пожарот продолжува во внатрешноста на ТЦ „Глобал“.

Имаку, големиот пожар зафати четири продавници на приземјето и се прошири кон првиот кат, а пожарникарите со големи напори успееја да го стават под контрола и засега не дозволија да се прошири на другите продавници.

Според очевидци, пожарот веднаш се проширил.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, рече сопственик на бутик.

На местото на пожарот има голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу ТЦ „Глобал“, како и возила на првата помош.

Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација