Од Центарот за управување со кризи потврдија дека се запалила куполата на салата која беше ставена пред десет дена и во моментов интервенираат пожарникарите од Пожарната бригада на Град Скопје. Од снимките се гледа дека гори поголем дел од Универзална.
Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура.
Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.