ВИДЕО: Повторно запалена трска во Струга

Од:

Веќе еден час гори трска во Струга, а поради ветрот пожарот се шири со голема брзина.

На терен се уште никој не интервенира околу гасењето на огнот.

Трска беше запалена и минатиот месец во неколку наврати во Струга, по што реагираа бројни еколошки организации кои изразија сомнежи дека трската се пали намерно на места на кои подоцна е планирана изградба на угостителски објекти.

Од Охрид СОС тогаш кажаа дека максимално се користи секој момент, имајќи предвид дека Владата најави дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.

„Не се знае кој узурпира, кој гради, на неколку места објекти се изградени непосредно до езерото, се паркираат возила, се оградува со жица. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата и на појасот трска. Сите молчат, локацијата е надвор од градот, незабележлива, што е уште еден поволен момент за овие узурпатори”, велат од Охрид СОС.

До надлежните беа испратени апели да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени