(ВИДЕО) Поповски на дебатата за јавниот сервис: Сѐ уште постојат чудни центри на влијание на нормалното информирање

Од:

Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и за нормална програмска содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија, истакнал министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на јавната дебата посветена на „Финансирање, управување и регулација на Јавниот сервис – НРТ“.

– Поповски говореше на темата „Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – влијанието на обезбедените услови за институционална и уредувачка независност на НРТ“. Тој се осврна на важноста на реформите во сферата на медиумите, особено на јавниот радиодифузен сервис, при што нагласи дека оваа Влада по периодот на купена уредувачка политика и заробена држава, преку низа мерки придонесе кон намалувањето на политичкото влијание во медиумите, јавниот сервис и медиумскиот регулатор, соопшти денеска владината прес-служба.

Министерот Поповски истакна лдека оваа Влада ја артикулирала потребата од измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со цел професионализација и департизација на регулаторното тело и јавниот радиодифузен сервис.

Како што навел Поповски, иако Законот за аудио и аудиовизуелни услуги беше изработен во поширок политички консензус во кој се интегрирани забелешките на новинарските и медиумските организации, како и клучните препораки на експертите, сепак опозицијата една година го блокираше овој клучен закон за реформските процеси во државата.

– Последниот бастион на отпор кон перспективите на државата остана Македонското радио. Таму за време на референдумот продефилираа сите најтврдокорни ликови кои сакаа крв да се пролее за да не се случи перспективата на Македонија. Кога Франција стави вето на почетокот на преговорите имаше вечер на француски шансони. Ви кажувам дека сѐ уште постојат некои чудни центри на влијание и на отпор на нормалното информирање и на нормалната програмска содржина што треба да ја нуди јавниот сервис. Она што Владата го прави е целосно ослободување на какво било политичко влијание или притисоци врз начинот на информирање и ја овозможуваме клучната улога на јавниот радиодифузен сервис објективно, професионално, навремено и точно информирање на граѓаните, рекол министерот Поповски.

Во соопштението е наведено дека министерот Поповски ги истакнал и опструкциите околу изборот на членови на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за Советот на јавниот радиодифузен сервис, односно Националната радиотелевизија, каде треба да се изберат професионални персонални решенија, без постоење на судир на интереси и политички влијанија.

Министерот Поповски се осврна и на начинот на финансирање и при тоа навел дека и овој модел, иако не е идеален, сепак му овозможува поголема финансиска стабилност на јавниот радиодифузен сервис, кој сега има можност да ги враќа долговите, полесно функционира, набавува нови програми, кофинансира копродукции. – Владата на Република Северна Македонија е подготвена да ја даде целата своја поддршка околу финансиското стабилизирање на јавниот сервис, но и за негова модернизација и воведување на нови технологии, по урнек на европските радиодифузни сервиси, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

Инцидент во зградата на МРТВ: Вработен во обезбедување нападнат од колега

Горан Наумовски

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски