(ВИДЕО) Поповски: Лажните вести носат пораки на национализам, поделба и раздор

Од:

Лажните вести речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза. Проблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да работиме на справување со овој предизвик, порача денеска од Велес министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

– Видовме, не само деновиве, туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека тие лажни зборови честопати поттикнуваат вистинско и брутално насилство и агресивно однесување, истакна Поповски на форумот посветен на справувањето со дезинформации.

Тој оцени дека завчера, за време на насилните протести во Скопје, но и во континуитет на социјалните мрежи, се шират лажни и вознемирувачки вести вклучувајќи наводни жртви на полициска бруталност, за кои се користат стари фотографии од личности од светот, лажни текстови и постови.

Говорејќи за поставеноста на Владата за справување со овие предизвици на дигиталното дезинформирање, Поповски го истакна повикот на Владата за конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните за секое отворено прашање, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање, посебно акцентирајќи го претстојниот референдум за Договорот со Република Грција.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, лажните вести имаат за цел намерно извртување и манипулирање на јавноста. Тој потсети дека измените во законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гарантираат услови за професионализација на медиумите и даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите.

– Клучот е во новинарска фела, да се саморегулира и се држи до етичките и морални стандарди. Владите и сите политички субјекти мораат да се држат до овие стандарди, нагласи Манчевски.

Директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес смета дека граѓаните треба да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги конзумираат, а од друга страна Владата да промовира транспаретност и отчетност.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски