(ВИДЕО) Поповска: Ги повикуваме ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите со кои се блокира една изборна единица

Од:

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна единица од собраниската прес-сала рече дека се огорчени и изненадени од големиот број амандмани кои ги поднеле ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и ги повика двете партии да ги повлечат амандманите и да седнат на маса заеднички да се договорат за да се донесе законот за една изборна единица.

„Не ни е јасно зошто има толку амандмани бидејќи и со една десетина од бројката би се блокирало носењето на измените на изборниот законик. Иако од ДУИ имавме позитивен сигнал и повик за разговор, сепак настапија спротивно, но се надевам дека ќе се надмине овој проблем и дека ќе имаат доблест да ги повлечат амандманите. Затоа јавно им се обраќаме и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, да седнеме, да дебатираме и уште еднаш да се договориме за потребата од ова законско решение. Да ве потсетиме дека ние претходно двапати ги повикавме на дебата, бидејќи сакавме да имаме консензус, но тие не игнорираа“, рече Поповска.

На новинарско прашање дали би ги повлекле двата закона за промена на изборен законик и отворени листи, Поповска рече дека нема да отстапат од нивната намера:

„За носењето на овие закони договорени бевме со СДСМ уште пред да влеземе во коалиција. Затоа, во никој случај нема да се откажеме и да го повлечеме законот, бидејќи ова е предизборно ветување кое сме им го дале на граѓаните“, рече Поповска.

Таа додаде дека доколку се одблокираат законите, тие би можеле да се донесат, затоа што го имаат потребното мнозинство од 65 пратенци.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски