(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Од:

Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а никој да не сноси одговорност, вели Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

– Не може институциите да потфрлат и да не го заштитат здравјето на луѓето и никој да не одговара. Со последната изјава Клековски призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Ако водата билна полна со бактерии како тврдеа дека е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, извештај за водата, кој дозволил и дал одобрение. Само затоа што „експертот“ што соопшти беше Мицкоски. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Ова ова е здравствена катастрофа, тотален хаос и распад на институциите. И одговорност мора да има! Доста молчи Јавното обвинителство. Савески наместо на еккурзија мора да реагира веднаш. Мицкоски, Клековски, Тошковски и сите инволвирани мора да одговараат, изјави Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте