(ВИДЕО) Попова: Шилегов без план исече и соголи речиси цел еден парк во Тријангла и Маџари

Од:

Зад мене се случува уништување и масовна сеча на дрва и зелена површина која се одвива со знаење и под директива на Петре Шилегов. Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк. Жителите на Тријангла и Маџари со право се изреволтирани, рече Ирена Попова советник во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.

„Она што претходно им служеше како парк и разонода сега повеќе го нема. Бесцелно се исечени дрва, додека пак улицата „Благој Стефковски“ не е проширена со дoполнителни ленти.

Тоа значи дека без план се осакати животната средина и неповратно се исечени десетици дрва.

Со месеци жителите се на удар на прашина, нечист воздух, кал, а сега остануваат и без голем дел од паркот.

Шилегов стана главниот дрвосечач во град Скопје, а ветуваше зеленило и чист воздух. Шилегов владее со измама, криминал и лаги и затоа тој повеќе ја нема довербата од Скопјани.“, наведе Попова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски