(ВИДЕО) Попова: Дали со Смаиловиќ бил и директорот на скопската зоолошка, Галетановски и дали бил претресен и тој?

Од:

„Шилегов молчи и мисли дека со разрешувањето на Сенад Смаиловиќ – Сенко, од директор на ЈП „Улици и патишта“ ќе се спаси од одговорност. Разрешувањето не го амнестира Шилегов од одговорноста, што на клучна позиција поставил лице кое е фатено со две пакетчиња кокаин во себе“, рече Ирена Попова, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, граѓаните не се запознаени со детали од настанот и дали МВР нешто крие?!

Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорги Галетановски – Чомбе?

Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување на дрога?

Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал?

Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување на наркотици за лична употреба?

Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев?

Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?

Како ќе им објасни Шилегов на Скопјани дека Сенко носел одлуки при полна свест и разум. И како воопшто го назначил?!

Шилегов треба јавно да се извини, но и сам да понесе одговорност и да си замине, бидејќи истиот е негово кадровско решение.

Неодговорноста на Шилегов ќе повлече и неодговорност и на други носители на јавни функции, кои го изневериле народот.

Случајот на Сенко е само еден во низата криминогени настани, предводени од луѓе на позиции поставени од СДСМ. Претходно градоначалникот на Ново Село беше фатен како шверца цигари, градоначалникот на Демир Хисар, како се заканува дека прислушкува свои сограѓани, градоначалникот на Шуто Оризари како малтретира човек во својот кабинет, пратеник како нарачува дрога и многу други.

СДСМ не се извини за ниту еден од нив и нивните криминали.

СДСМ ја води државата со криминалци. Одговорност мора да има! Градоначалниче вие сте на потег!“, изјави Ирена Попова, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски