(ВИДЕО) Попов: Секогаш кога Ковачевски е фатен со скандал, тогаш Арсовска му скокнува во помош со некоја лага

Од:

„Како по правило секогаш кога Димитар Ковачевски е фатен во небрано со некој скандал за фирма на неговиот кум или неговата сопруга, тогаш Данела Арсовска му скокнува во помош со некоја лага и манипулација за дефокус на јавноста. Ете ова е резултатот на тајните средби на Ковачевски и Арсовска. Ете тоа е коалицијата Тачела на дело“, истакна на денешната прес-конференција Сергеј Попов, советник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Но ако одбрале секој скандал за Ковачевски и владата да го дефокусираат со лага или манипулација, тогаш им препорачуваме да имаат средби на дневно ниво и да измислуваат лаги како на фабричка лента. Ковачевски треба да знае дека нема лага и манипулација која може да ги покрие криминалот, корупцијата и неспособноста на оваа власт“, додаде Попов.

Арсовска пак, вели тој, треба да знае дека лагите ќе треба да ги докажува на суд.

„Доколку заканите беа вистинити Арсовска требало да ги достави до МВР или да поднесе пријава и институциите контролирани од нејзините партнери од Тачела коалицијата веднаш да реагираат. Впрочем, јавноста памети дека имаше еден таков случај на упатувани закани и опожарено возило пред нецела година, од кој Арсовска можела да се поучи како да постапи доколку навистина има закани“, истакна Попов.

Како ВМРО-ДПМНЕ сме загрижени, вели тој, за пресметливоста и психофизичката состојба на Арсовска, не заради неа самата, туку заради функцијата која ја извршува.

„Препорачуваме со големо внимание да се следи нејзината работа и со голема резерва да се земаат нејзините изјави, бидејќи покажа дека за кратко време може да каже голем број лаги со вешта глума“, кажа советникот и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања