(ВИДЕО) Попов: Апелираме да не кревате врева, премиерот ни е со попуштени нерви, трајно е неспособен

Од:

„Стоп нека престане вревата, затоа што на премиерот му се попуштени нервите поради тоа што е трајно неспособен и му сметаат силни звуци како што бевме впрочем сведоци и во Собранието на Република Македонија“, рече Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Премиерот работи 15 часа на ден и потпишува важни документи затоа му е потребна голема концентрација, која поради тоа што е трајно неспособен му е тешко да ја постигне.

Тој потпишува важни документи, ја решава енергетската криза и подготвува нов сет на барања кој експресно ќе ги исполни кон Бугарија.

Криминалот, криминалот ќе си продолжи, тоа на премиерот не му смета, не му оди на нерви, тоа ќе си биде како до сега, така и отсега.

Уште еднаш апелирам, намалете со свирките и галамата кога поминувате пред Влада, на премиерто му се слаби нервите, тој е трајно неспособен“, изјави Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски