ВИДЕО: Поплавен кејот на Вардар во Аеродром

Од:

Реката Вардар е излеана од минор коритото во скопската населба Аеродром, во близина на мостот во изградба кај Паркот на езерата. Поплавена е пешачката и велосипедската патека во тој дел од населбата.

„По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, Центарот за управување со кризи веднаш, согласно мапите на процес и процедурите, контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи. Пренесени се веданш информациите и е побарано од истите веднаш да излезат и да се упатат на терен на местото на настанот за да се направи соодветна проценка за можноста од евентуално поплавување за соодветно да се реагира. Институциите се на терен, а местото и лично го посети и директорот на ЦУК, Ангелов. Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности. Надлежните од Општина Аеродром и од Град Скопје ќе бидат во континуиран контакт со ЦУК со информации за превземените мерки и активности.

Над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ. После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

Информациите што ЦУК ги доби говорат дека денеска при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата иведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито“, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Критично ниво на реките: Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот

Катерина Ѓуровски