Полковникот, Митко Василевски, кој учествувал во Втората светска вој и кој се закитил со четири медали и шест ордени, денеска, на 89-годишна возраст, се обрати до присутните граѓани пред Македонската радио телевизија и рече дека е дојдено време повторно да се брани Македонија.
– Јас сум еден од борците за Македонија од Втората светска војна. На 16 години стапив во Првата македонско-косовска бригада. Учествував во преку 70 борби, се здобив со две рани, со шест ордени и со почесни дипломи. Предводник сум на ешалонот на титовата бригада. Дојде време и потреба за повторно да ја браниме Македонија – рече тој.