(ВИДЕО) Полициските специјалци уапсија бегалец од „Идризово“, осуден за убиство на 12 години затвор

Од:

МВР извести дека денеска околу 8.10 часот полициски службеници го уапсија С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

https://www.youtube.com/shorts/nnDtgcKrmX8

„На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во „Идризово“, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Голема полициска акција во моментов во Скопје, уапсени се десетина лица

Орце Костов

Приведен бегалец од затвор, осуден на 13 години

А1он

(ВИДЕО) Специјалци упаднаа во училиште во Хамбург, се трага по вооружени ученици

Горан Наумовски

Косовската полиција врши претреси во северниот дел на Косовска Митровица, Звечан и Зубин Поток