(ВИДЕО) Полициски час: За првпат во историјата на државата се воведува забрана за движење по улиците

Од:

„Објавувам дека Владата донесе одлука за уште една мерка што за првпат во историјата се воведува на територијата на целата земја. Владата донесе наjрадикални меркa за да го зачуваме здравјето на сите граѓани“. Вака премиерот Оливер Спасовски на вонредна прес-конференција го најави воведувањето на полицискиот час, односно забраната за движење од 21 до 6 часот, секој ден.

„Нема компромис кога здравјето на граѓаните е во прашање. Повторувам дека веќе ништо не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас така и во целиот свет. Тоа бара и менување на нашето секојдневие. Затоа ја носиме оваа мерка, а врз основа на стручно мислење од Комисијата за заразни болести“, рече тој.

Забраната за движење од 21 до 6 часот ќе почне од утре. Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, кои се животно загрозувачка состојба, лица кои одат на дијализа. Тие лица можат да бидат во придружба на најмногу уште двајца.

Ако нивното возило биде запрено од полицијата, дополнително ќе се проверува зошто се тие лица излезени и ќе се бара медицинска документација како потврда.

Директорите на здравствените установи ќе изготват список на лица кои ќе имаат потреба за движење надвор од лимитираното време преку издавање посебни пропусници и легитимации.

„Со тоа, МВР ќе има комплетен увид за движењата во овој временски период“, рече Спасовски.

Со оваа мерка не се опфатени припадниците на МВР, Армијата, Противпожарните служби и лицата вработени во Комуналната хигиена кои во моментот се на работна смена.

Во овој период, ќе се ограничи и бројот на дежурни аптеки, односно ќе се одредат само одреден број аптеки кои ќе дежураат во периодот на забраната.

Такси компаниите се задолжуваат да воведат дежурства со ограничен број возила до болница или до аптека, а таксистите ќе бидат задолжени да носат заштитна маска и ракавици.

Со оваа мерка, се забрaнува движењето на возила од јавниот превоз. Телекомуникациските служби, Водовод, Топлификација и останатите служби, ќе можат да излезат на терен само по претходна најава на телефонскиот број 192.

Останува забраната за собирање во групи на повеќе од пет лица во период од 24 часа.

Директорите, управители на погони, фабрики и сите институции ќе треба согласно ова да го прилагодат работрното време.

Воедно, во аптеките и установите каде плаќањето се одвива на каси или шалтери ќе се ограничи бројот на купувачи и клиенти, согласно бројот на каси или шалтери, односно, како што рече Спасовски, „колку каси или шалтери, толку и луѓе“.

„Потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа максимално загрижувачка ситуација. Ако сакаме да си ја заштиме нацијата треба да се однесуваме вонредно и одговорно“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски до Гаши: Мислам дека конечно по шест месеци треба да разберете дека сте избрани за претседател на Собранието

ДУИ „игра“ за ВМРО-ДПМНЕ, нема да им ги гласаме интерпелациите рече Спасовски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

(ВИДЕО) Спасовски: Владата во случај на криза ќе нема пари за помош на граѓаните