Во попладневните часови во селото Челопек почнаа да пристигнуваат поддржувачи на Љубе Бошкоски и членови на партијата Обединети за Македонија кои се упатуваа кон локалната црква каде што беше организиран ручек.
Бошкоски денеска пристигна во неговата куќа во селото и се упати кон црквата каде беше пречекан и му беше посакано добредојде.
Во кратка изјава Љубе Бошкоски се заблагодари на медиумите и сите луѓе коишто му давале поддршка додека бил во затвор, а на медиумите кои ширеле пропаганда и немал можност да се одбрани од лагите, кажа дека во наредниот период ќе им ја каже вистината.
Во Челопек пристигна и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Јаковлески, а тука е и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Бошкоски повика и на обединување на сите граѓани на Македонија и да престане омразата која се создаде помеѓу луѓето.