(ВИДЕО) Поцкова: Филипче прво сакаше европско-американски вакцини, па смени се одлучи за кинески, ама уште нема никакви

Од:

„Додека сите држави се во трка за вакцина повеќе, последно од министерот за здравство, Венко Филипче е дека е набавена како што вели „најсофистицираната терапија на антитела за ковид пациенти“. Ама според министерот за здравство на време и доволно има и ивермектин, па пациентите се жалат дека го нема или едвај се наоѓа молејќи познати.

Чекајќи ги вакцините, последно министерот за здравство Филипче се најде пред вратата на Кинезите“, вели Јадранка Поцкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„А, самиот тој пред две недели јасно кажа дека одлуката паднала да се даде приоритет на вакцините од Европска медицинска агенција и американската Агенција за лекови.

Но, оваа изјава кратко траеше, па така по една недела тој се најде пред вратата на Кинезите и одеднаш одлучи дека и оваа вакцина има сосема соодветни документи, или сертификати. Тој рече дека „сите производители на вакцини ги имаат сертификатите од своите матични земји и оваа исто така нема никаква административна пречка, ниту сомнеж за квалитетот“.

Со каква леснотија министерот Филипче ги менува изјавите. Прво вели ги преферираме овие, ама потоа вели и за другите нема никаква административна пречка, ниту сомнеж во квалитетот.

Како и да е, од најавата во октомври минатата година кога рече дека ќе има на време вакцини, сите земји добија по неколку тури вакцини, и различни видови на вакцини.

Овде граѓаните не можат да видат никаква вакцина. Се најавуваа вакцини од КОВАКС, па од соседи, па од директни договори со производителите, ама нема ништо. Излезе само вест дека докторка од Македонија сама отишла да се вакцинира во Србија, и на тоа имала право затоа што работела таму.

Мисли ли министерот Филипче на граѓаните, мисли ли воопшто на медицинскиот персонал кој е во првите борбени редови? Очигледно не. Македонија е единствена без основната алатка за сузбивање на короната.

Затоа одговорност мора да има“, изјави Јадранка Поцкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик