ВИДЕО: Почна туристичката сезона во Охрид, се полнат плажите

Од:

Домашни но и странски туристи го наполнија Охрид за време на продолжениот викенд. Плажите „Градиште 1“, „Градиште 2“, „Градиште 3“ и „Оревче“, викендов ги дочекаа и првите туристи. Најчести гости беа младите, но и повозрасни туристи. За разлика од минатите години, кога во јуни се отвораа плажите, годинава, немаше гужви и турканици. Со почетокот на летната сезона, се полни и кампот Градиште. Овие плажи се едни од ретките кои не беа урнати во изминатиот период од Општина Охрид.

Најмногу има домашни туристи, а од автомобилите паркирани во близина на плажите, може да се забележи дека најчесто тоа се скопјани. Но, во Охрид, пристигнуваат и поголеми групи странци, кои доаѓаат преку тур-операторите.

Годинaва, на почетокот од сезоната речиси и да нема туристи на останатите плажи. Најпосетувани се комерцијалните плажи. Ако минатата година, потегот од Метропол до Пештани беше преполн со автомобили на улиците и туристи на плажите, таа слика оваа година изостанува. На некои од плажите и натаму работи градежната механизација на Општина Охрид која урива бесправно изградени објекти. По ова, ќе се започне и со уредување на просторот.

Минатата година, беа донесени и протоколи за работа на плажите. Тие налагаат задолжително растојание од 2 метри, редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, вработените да носат заштитни маски, како и ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 м² нето површина. На плажите е задолжително меѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Би можело да ве интересира

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра